| |

Владата се наполни со советници. Се бараат нови 6-мина за плата од 25 до 50 илјади денари

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија,  објави јавен оглас за нови 6 советници. Нивниот работен однос ќе биде на определено време, до истекот на мандатот на Заев. Според огласот потребни се: посебен советник за транспорт и врски, посебен советник за развој на мултикултурното општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации, посебен советник за странски инвестиции,  посебен советник за спроведување на Рамковниот договор, посебен советник за транспарентност и отчетност и посебен советник за млади и спорт.  Нето платите што се предвидени варираат од 25.000,00 до 50.000,00 денари.

 



Слични Објави