ПАЛЕВСКИ ДО МИЛЕНКО : ОСТАВИ НЕ ДА СЕ БОРИМЕ ЗА ИМЕТО

Вести Истакнато Македонија

Бидејќи ме прозва на дудинка не кај тебе на зид, каде секогаш се трудам да бидам коректен, мислам на коментари, еве со неколку реченици на неколку твои конкретни прашања, нормално упатени до мене.
Прво околу РАДИКАЛИЗМОТ да расчистиме, бидејќи мене ме праша еве ќе ти одговорам каде е радикализмот на ТРЕТА, не во дејствување, туку во конкретни политички ставови, намери а богами и проекти кои се на веб ставени, а претходно документирани.
Конкретниот радикализам се гледа каде на ВЕБ ти се ставени свифтови на износ од 230 милиони долари опрани во два дена низ Македонскиве банки, во конкретниот случај Охридска банка, по основ на купорподажба на рудникот САСА во Каменица. Со сите потребни пропратни документи, од одлука на влада, до трансфер и точен назив на фирмата во ЕУ (париз) каде завршиле испраните пари во Македонија кои дошле од БАХАМИ. Дополнително во регистрацијата се се Американски граѓани кои перат пари во Македонија, каде директно се одговорни и Премиер и Гувернер на народна банка.
Вакви примери ТРОЈКА, малата за покер, ама голема за конкретно дејствување ТРОЈКА сето тоа го има сработено, не е брифирана, не е оговарана, туку засукала ракави сработила до детал еден огромен криминал. Но нејсе, незнаеш, не си отворил веб на мала покер партија во ред
Околу доктрината на ТРЕТА исто не си прочитал, али се си знаеш, па не би продолжил..
Понатака, во однос на твоето тврдење за членството, во смисол на пребројување, незнам зошто мислиш дека треба да се пребројуваме, мислам на ТРЕТА, несакам да изигравам дрвен адвокат на Филип и Бачев, но незнам зошто си невнимателен па во самиот текст објавен на ДУДИНКА каде ме прозиваш , нај децидно калкулираш на 1+1 било 2, или 2 и 2 било четири и слично што неодоливо потсетуваш на Христијан Мицковски, што по мене, а не мора да сум во право, го издаваш нарачателот. Но нема везе, Миленко, СЈО беше кај мене, бев притворен, постои записник, видео од сослушувањето, па еве накратко, затоа што не смеам кривично да зборувам за предметот да ти објаснам. ТРЕТА, оваа покерашкава, малава, има политички капитал огромен, но за разлика од Зајеб и Груеб, не се пазари за Пржино Мржино, па дај избори мизбори.
Палчо при претресот немаше бомби иако очајно сакаа да има бомби што самото по себе не е кривично дело, СЈО бараше нешто екстра, Палчо ги даде бомбите исто како и Зајеб, ама на НАРОДОТ; на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, не се веќе кај мене, кај НАРОДОТ се да се чудиш. Затоа ТРЕТА прави нервоза, а нема намера, затоа е целава работа околу нас, а нели сме покер партии гола вода.
Токму затоа, ај те молам, као човек те молам, како Македонец те молам, Олабавете сите, мислам на НАТАЛИЈА, Бобан па се до Луке, а на крајот ДонМијале. Бојкотот и одбранава на имево е приоритет, верувај без разлика како што ти викаш дури и Бачев и Филип имаат легитимно право да се борат да не се смени името, да не не избришат. Е сега за мотивите кој зошто и колку е искрен времево ќе покаже, ама знам едно, дека ти со буцкањава сигурно не допринесуваш во таа борба, освен што го браниш ДПМНЕ што сметам дека е легитимно. Јас ќе ги напаѓам ти браниги, а многу често и двајцата сме ги напаѓале.
За крај, човече, стрпи се до 30 Септември, па после пукај прај што сакаш, дај да ја доработиме работава која сме ја започнале нема да ти треба ни ДПМНЕ ни Математичарон на батерии ако се киксира на 30, од тие причини сметам дека дури и со овој статус сум коректен кон тебе, па затоа и претходно напишав СТРПИ СЕ ДО 30.
Бојкотирам
ПС; Солза си ја изоставил за да не скараш тактички или си заборавил::