Договорено: Талентираниот вардарец како слободен фудбалер ќе ја засили Ријека

/

Фудбалерот на Вардар во последните моменти од преодниот рок постигна договор за промена на средината.

22 годишниот Дарко Велковски на кого му истекуваше договорот со Вардар (уште шест месеци) ќе биде новото засилување на Ријека, но во овој клуб ќе премине на лето како слободен фудбалер.

Македонскиот шампион за услугите на Велковски бараше сума од 300.000 евра, но од хрватскиот клуб сметаа дека тоа е премногу за фудбалер на кого му истекува договорот за половина година.



Велковски со Ријека се договори за договор на три ипол години со опција за продолжување на уште една.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Марез во депресија и бесен: Никогаш повеќе нема да играм за Лестер!

Следна статија

Најскапиот зимски преоден рок: Ова се ТОП 20, само на дефанзивци потрошени 215 милиони евра!

Најново од Вести