ТИМОНИЕ: ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК И НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА СЕ ОХРАБРУВАЧКА ОСНОВА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ
Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, истакнал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.
Премиерот Спасовски на средбата посочил дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.

