НОВИ 44 ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА
Во изминатите 24 часа се потврдени потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата а се направени 392 тестирања. Најмногу новозаболени има во Куманово- 23 лица.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје- 175
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 14
• Тетово – 10
• Прилеп – 10
• Струга – 7
• Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1
До сега во Македонија се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
