|

ДОБРА ВЕСТ: БЕБЕТО НА БОЛНАТА ОД КОВИД-19 КУМАНОВКА Е ЗДРАВО

Негативен на КОВИД-19 е резултатот на бебето родено на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје од мајка позитивна на вирусот од Куманово, соопшти Министерството за здравство.

Болната од КОВИД-19 пациентка родила живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека во моментот состојбата на мајката е стабилна.



Слични Објави