|

ЗАЕВ КОНТРА МИЦКОСКИ: НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧЕПКА ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го отфрли предлогот на опозицијата средствата што се уплаќаат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд.

Тој вечерва во интервју за емисијата „Само интервју“ Канал 5, подвлече дека „не смее таму да се чепка, тоа се пари на граѓаните, лични пари“.

Заев нагласи дека во оваа тешка ситуација газдите и бизнисмените треба најмногу да дадат „но сето тоа мора да биде на основа на вредности, на закони ние сме демократија и ние сме слободно општество“

Слични Објави