АДВОКАТОТ ОД КОЈ БИЛО ПОБАРАНО ДА ГИ ЗАСТАПУВА ДВАЈЦАТА ТЕПАЧИ ОД ШТИП ДАЛ ОДГОВОР КОЈ ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗБОРОВИ

//

Семејствата на двајцата момчиња од Штип кои денес беа лишени од слобода по појавувањето на видео на социјалните мрежи, како малтретираaт девојка, се обиделе преку свои пријатели да го контактираат адвокатот од Штип Кристијан Мицевски, да ги застапува.

Неговиот одговор наиде на воодушевување кај неговите пријатели, кои имаа само позитивни коментари.

„Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на „тепачите“ да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре „фраери“, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери!“ – напиша Мицевски на својот Фејсбук профил. (целиот текст прочитајте го на Поглед.мк)



Претходна статија

ЗАЕВ КОНТРА МИЦКОСКИ: НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧЕПКА ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ Е ЕКОНОМСКИ НЕПИСМЕН

Најново од Вести