| |

ФИЛИПЧЕ ЌЕ ОСТАНЕ 14 ДЕНА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА: „И НА НАЈМАЛ РИЗИК ТРЕБА ДА СЕ ПРИСТАПИ СЕРИОЗНО“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе остане 14 дена во самоизолација.

Тој посочи дека по епидемиолошката анкета ризикот е мал, но и во такви околности треба да се пристапи сериозно.

„Ќе останам 14 дена во самоизолација, иако беше оценето после епидемиолошката анкета дека ризикот е мал. Сметам дека и на најмал ризик треба да се пристапи сериозно“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Во насока на тоа, министерот додаде дека размислува за здравјето на најблиските, големиот број вработени во Министерството за здравство, како и неговото лично здравје, a истовремено сака и да им даде пример на сите граѓани во државата.



Слични Објави