Негирање на сопствените теории
Пишува: Зоранчо Маринков
Во изминатиот месец повеќе македонски портали ја објавија песната “Маћeдонији” (На Македонија) напишана во 1903 год. од поетот Мило Јововиќ. Песната била објавена во некој училишен весник “Приморац” во Бар, во 1978 год., значи дури 75 години откако била напишана. Никаде во песната посветена на Македонија, Мило Јововиќ не само што не пишува за етнички Македонци, тој ниту го споменува зборот Македонци. Пишува само за тешката судбина на Македонија под Османлиско робство.
Порталот “Нова Македонија” објавувајќи ја песната, излегува со наслов на статија “Илинденското востание се сметало за македонско – и никако поинаку”. Во статијата понатаму пишува дека “Како жив сведок на времето, пред 120 години поетот ниту видел ниту насетувал бугарски револуционерен влог во илинденска Македонија – па и затоа вдохновено и братољубиво единствено ја опејува тешката македонска судбина“.
Истовремено македонските портали нагласуваат дека авторот Мило Јововиќ бил црногорски поет и основоположник на црногорската поезија, роден во градот Бар.
Но, она што порталите не го кажуваат е фактот, дека Мило Јововиќ се идентификувал себеси како етнички Србин, мајчин јазик му бил српскиот, а по религиозна припадност бил католик. Целата негова поезија е посветена на величање на српството, на Србија и на мајчиниот српски јазик. За Мило Јововиќ, неговата татковина Црна Гора, била земја во која живеат Срби.
Како ова е различно од погледите на дејците на ВМОРО? Шестмината основачи на ВМОРО( Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров), потоа Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Тодор Александаров како и и илјадници други дејци на Организацијата, кажуваат дека нивна татковина е Македонија, но се идентификуваат како Българи по народност.
Какво може да било Илинденското востание, кога истото е кренато од организација што се нарекува Македоно-Одринска? Нормално дека тие дејци се бореле за слободата на Македонија и Одринско, кои тогаш се уште под Османлиско робство. Бугарија тогаш веќе 25 години била слободна држава, не можеле да се борат да ја ослободат Софија или Варна.
Црногорските портали, во август оваа година соопштуваат дека во македонските медиуми е објавена песната на Мило Јовивиќ “На Македонија” од 1903 год. Интересно е дека во истата вест, порталите од Црна Гора пишуваат дека Илинденското востание е водено за ослободување на Македонија и Источна Тракија и за создавање на автономна македонско-одринска држава.
Па ете, нека македонските портали да кажат, какви етнички Македонци живееле во 1903 год. во Источна Тракија, т.е. Одринско до бреговите на Црно Море?
Порталите од Црна Гора пишуваат за творештвото на Мило Јововиќ.
Меѓу другото, ја споменуваат и песната “Домовини Црној Гори” (1896). Таа песна, како впрочем и песната “Маћeдонији” (1903) најверојатно не е објавена, бидејќи не може да се најде во неговото творештво публикувано во списанијата од тоа времке Според денешните црногорски медиуми, голем дел од творештово на Мило Јововиќ останало во ракопис.
На црногорскиот портал “Седмица” во декември 2017 год. е објавена опширна статија за Мило Јововиќ, во која меѓудругото пишува:
Минатата 2016 година, во целосен заборав, помина сто и педесетгодишнината од раѓањето и стогодишнината од смртта на големиот патриот, денешниот заборавен поет Мило Јововиќ, Србин католик од Бар. И да биде уште полошо, додека Србите заборавија на него, некои почнаа последниве години да му припишуваат други национални ориентации.
Кој беше Мило Јововиќ? Роден е во Бар на 28 септември 1866 година во патриотско семејство на Срби – католици по име Јововиќ. Кога Бар бил ослободен од Турците во 1878 година и припоен кон Црна Гора, наскоро во овој град започнал развојот на културниот живот”.
“Joвовиќ е поет со романтичарски занес, тој искрено ја сака својата татковина Црна Гора, нејзината владејачка династија Петровиќ на чело со кнезот (кралот) Никола, својата христијанска (католичка) вера и српскиот народ од кого што потекна “.
Да видиме сега дел од творештвото на Мило Јововиќ, кое е неспорен доказ за неговата српска народност и за неговото видување на Црна Гора како српска земја. Насловите на дел од неговите песни кажуваат сѐ:
“Српству” (1896); “Домовини Црној Гори” (1896); “Само слога Србина спасава” (1896); “Српско име” (1897); “Србину” (1897); “Српској застави” (1901); “Србин” (1901); “Од Србина ко је бољи?..” (1901); “Црногорцу” (1903) и т.н.
Песна напишана во 1903 год., по повод 25-годишнината од ослободувањето на родниот град на поетот – Бар. Истата е објавена во списание “Голуб”, на 15 октомври 1903 год. За Мило Јововиќ знамето што се вее над ослободениот од Турците, Бар е српско.
…”Бог се смили на уздахе њине,
Те им посла српска владаоца
И рече им:”ево вашег оца,
Он ће да вам стиша горки плач;
Он ће ропске растурити тмине
И опростит не сносивих мука;;
Његова је осветница рука,
У њој блиста Обилића мач.”
Он ће натаћ’ на твој бедем горди
Српски барјак, да се вије славно,
Под Душаном где се вијо давно,
Истом славом да се вије сад”…
Песна од Мило Јововиќ посветена на мајчиниот јазик, објавена во списание “Голуб”, на 15 март 1902 год.
Матерински језик
“Тко на себе језик туђински намеће,
Тај се материнског млијека одмеће.
Српски језик, што га зачух у бешику
Из устију мајке, он ми је на дику;
Он је милозвучан, он препунан сласти,
Њeгa к’о светињу нека Србин части”.
Песна од Мило Јововиќ посветена на српството, во која кажува каква е за него неговата татковина. Објавена е во списание “Словански свет “, на 5 февруари 1896 год.
Српству
“Мило ми је Српство моје,
И за њим сам готов мр’јети;
Мило ми је, и за њим ћу
Моји живот прагорјети.
…Мило ми је, св’јету кажем
Српскиња ме породила,
Па како ми неће бити
Домовина моја мила?”…
Песна од Мило Јововиќ посветена на 50-годишнината од смртта на српскиот поет Бранко Радичевиќ. Во неа Мило Јововиќ кажува дека Зета, областа од која потекнувал Бранко Радичевиќ, треба да се радува бидејќи е родно место на српскиот поет. Песната е објавена во списание “Голуб”, на 1 октомври 1905 год.
…”Пјесниче Бранко Српство ти кличе:
Слава ти, слава, док траје свјет
Из твога пера што њему ниче
Узору дивном све се истиче –
Као најлепши мирисни цвјет.
О славна Зето, сретна си била
Такве нам људе и одсле дај,
Радуј се јер си старина мила –
Одакле славуј рашири крила
И слети с тебе у други крај!
Потомство Бранка на прагу родном,
И сада живи у онај крај –
У дивној Зети предјелу плодном
А он јој оста у духу народном
Ко неугасни вјечити сјај”…
Песна од Мило Јововиќ посветена на Црногорецот, објавена на 1 февруари 1903 год. Во неа го опева јунаштвото на Црногорецот и истакнува дека и поетот Бранко го нарекувал Црногорецот цар.
Црногорцу
“Јуначки сине, јуначког соја.
Увјек си био и бићеш вазда,
Ни од ког се до сад нијеси боја’
На свом огњишту био си газда.
Зато и Бранко царем те зове,
Јер не знаш што су ропске окове”…
Каков е по народност Црногорецот и каква е Црна Гора за поетот Бранко Радичевиќ, напишал самиот тој во 1847 год., во песната “Пут”.
…Дика српска, Црна Гора мила.
Црна Горо, поносито стење,
Круне српске ти драго камење,
Успомено пребелога данка,
Ког се сећа Србин кâно санка!
Када гледнем твоје стене дивне,
Срце младо у менека живне,
Јера овде послије Косова
Сунце српско грануло изнова,
Очистила с’ она веља брука
Што окаља Србина са Вука.
…Тако, брате, од Косова данка
Бој се тежак бије без престанка,
Све од јутра до мрклога мрака
Звека ножа и цика пушака,
Низа кланце Црногорац врви,
Јô Турчину што удара први!
Туре бије, Црногорац коси,
Туре праа, Туре главу носи…
Да видиме сега што пишува списанието “Голуб”, каде што Мило Јововиќ најмногу објавувал свои песни, за Илинденското востание од 1903 год. и за тоа какви народи живееле тогаш во Македонија. Во број 14 на списание Голуб, од 15 септември 1903 год., има вести за состојбата во Македонија.
“Во Турција, а особено во Македонија и другите области, каде што живеат Срби и Бугари, се случува вистинско чудо и клање. Турците и Арнаутите пусти и бесни, ги палат и рушат христијанските куќи, го грабаат имотот, го убиваат народот и го ставаат на маки, да бега кој каде знае во шумите и планините, а многумина се фаќаат за оружје, па им враќаат на Турците и Арнаутите… “Поради тоа се чини дека Бугарија наскоро ќе влезе во војна со Турција, а тогаш тешко дека ќе останат мирни и другите држави на Балканот, ќе мора и тие да тргнат да ги заштитат своите од турското насилство, а каде ќе запре тогаш Турција, тоа го знае само Бог!”
Мило Јововиќ објавува свои песни во списанието “Голуб” до 1910. Зошто не реагирал за оваа вест от Македонија, ако сметал дека во 1903 год. во Македонија живеат етнички Македонци и дека Илинденското востание е на етничките Македонци?
Напротив, Јововиќ е целосно согласен со ставовите на списание “Голуб”, а по повод 25-годишнината од излегувањето на списанието, на 15 јануари 1903 год. му посветува и песна.
Поздрав “Голубу”
Четврт в’јека од кад шириш крила,
Гдје се српски говори и дише;
Харна су ти твоја Српчад мила,
Па т’ љубезно свуда пригрлише,
Јере си им младе душе храна,
Одвраћаш их од злȏћа и мана’.
Што је часно, што је Богу драго,
То из тебе научити могу,
Род да штују, језик – своје благо;
Жарку љубав, братимствену слогу.
За тај наук и знање честито,
Харни смо ти „Голубе“ вјечито
Само неколку седмици после дописката за состојбата во Македонија, на 1 ноември 1903 год. во списанието “Голуб” излегува статија посветена на Мило Јововиќ. Во неа го пишува и следното:
“На брегот на српскиот Јадран, во подножјето на нерамните карпи на Румијско, во древниот град Бар, првпат го виде светот нашиот млад поет Мило Јововиќ.
“Нашиот поет Мило пее љубовни и патриотски песни, а има неколку адаптирани за деца, но најпопуларни се патриотските песни во кои плива неговата бујност. Така тој на едно место вели:
Пјевао сам пјесме свакојаке,
Пјевао сам мјесецу a сунцу,
Пјевао сам заслужне јунаке,
Пјевао сам пољу и врхунцу.
Пјевао сам цвијету и мају,
————————————
„Пјевао сам љубави и срећи” и.т. д
па онда каже:
Али пјесма, што ми срцу прија,
To je пјесма миле домовине
Она ми је од свих најмилија,
Јер је пуна сласти и милине”.
Како патриотски поет и одличен граѓанин, Н. Кр. Вис. Принцот Никола го одликуваше со Орден за ревност. Му посакуваме добро здравје на младиот поет, за да милите звуци на неговата нежна лира долго брмчат на брегот на српското Сино Море и како бујни бранови да одекнуваат низ српските срца…”