(ВО ЖИВО) ФИЛИПЧЕ: МАЈКАТА И СИНОТ ОД ВЕЛЕС ПОЧИНАЛЕ ВО МАРТ А НЕ ВО ЈАНУАРИ
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека според наодите на Институтот за судска медицина мајката и синот што беа пронајдени мртви во својот дом во Велес, починале 3 до 5 недели пред пронаоѓањето што значи дека тие не починале во јануари, како што првично се соопшти, туку во март.
Филипче додаде дека се вршат испитувања за да се откријат причините за нивната смрт.
