СЗО МЕЃУ ОПАСНОСТА ОД КОРОНА ПАНДЕМИЈАТА И ГЛОБАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ ПРИТИСОК ЗА РЕЛАКСИРАЊЕ НА МЕРКИТЕ

/

Во период кога најголемиот дел од земјите низ светот размислуваат за намалување на рестриктивните мерки во борбата против коронавирусот, шефот на светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус излезе со мрачно предупредување дека најлошото допрва доаѓа. Пандемија со коронавирусот тој ја спореди со шпанскиот грип кој пред 100 години однесе над 17 милиони животи и додаде дека голем дел од државите се уште потполно не ја разбираат заканата. Ги повика властите на светско ниво заедно да работат за да се спречи, како што ја нарече – поголема трагедија, пренесува Канал 5.

-Верувајте ни, најлошото е допрва пред нас, ајде да ја спречиме оваа трагедија. Ова е вирус кој многу луѓе се уште не го разбираат. / Да ја спречиме трагедијата, стотици илјади сега умираат, тоа е сериозно, и еден живот е драгоцен. Да кажеме доволно беше.- Тедрос Адханом Гебрејсус – Претседател на СЗО.

Претседателот на СЗО додаде и дека намалувањето на рестриктивните мерки не се вистинскиот одговор. Според него, потребен е долготраен глобален напор од сите страни за да се спречи и контролира вирусот.

-Рестрикциите не се крајот на епидемијата во било која земја. Ставање крај на епидемијата ќе бара долготраен напор од страна на индивидуи, заедници и влади за да продолжи да се спречува и контролира овој смртоносен вирус. Таканаречени карантини можат да помогнат за да се намали големината на епидемијата во една земја, но не можат самите да и стават крај.- Тедрос Адханом Гебрејсус – Претседател на СЗО.



Од СЗО предупредија и дека какво било ублажување на рестриктивните мерки во државите мора да биде постепено, бидејќи стравуваат дека доколку тоа биде избрзано инфекцијата може да се повтори. Од таму ја повторија и пораката дека луѓето и здравствените системи во државите мора да ги приспособат своите животи со светската пандемија. Според последните статистики, на светско ниво има над 2.5 милиони заразени од вирусот и близу 170 илјади починати.



Претходна статија

(ВО ЖИВО) ФИЛИПЧЕ: МАЈКАТА И СИНОТ ОД ВЕЛЕС ПОЧИНАЛЕ ВО МАРТ А НЕ ВО ЈАНУАРИ

Следна статија

БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА 3,5, А НАФТАТА ЗА 1,5 ДЕНАРИ

Најново од Вести