|

ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собрание за седницата на која ќе се гласа доверба на Владата

Првата пленарна седница на која ќе се појави ВМРО-ДПМНЕ во праламентот, по одлуката за прекин на бојкотот, ќе биде таа на која ќе се расправа за довербата во владиниот кабинет, најавува координаторот на пратеничката група Драган Данев, јавува дневниот весник „Независен“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека од неговата партија ќе се потрудат гласањето за доверба на владата да не се совпадне со велигденските празници и додава дека се зависи од тоа кога интерперлацијата ќе стигне во собраниската архива.

 

 



Слични Објави