КАРАКАЧАНОВ СО ИНТЕРЕСЕН ПРЕДЛОГ: БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА ИЗГРАДАТ СПОМЕНИК НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ КАЈ СЕЛОТО БАНИЦА
„Додека ние се караме чиј е Гоце Делчев, неговиот прв гроб седи непознат и обраснат со трева некаде зад олтарот во црквата од срушеното село Баница. Не е ли време заедно како две братски држави да го поставиме прашањето пред партнерска Грција за возобновување на спомен плочата на Гоце Делчев и заедно таму да ја славиме неговата памет. Можеби таму во рушевините на селото Баница каде што е духот на Гоце Делчев ќе го добиеме смирението и просветлението каков во суштина беше тој“, напиша Красимир Каракачанов, министер за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, во пост на facebook посветен на 117 годишнина од загинувањето на Гоце Делчев.

