ЕК СО ПРЕДЛОГ ГРАНИЦИТЕ НА ЕУ ДА БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ДО 15 ЈУНИ
Европската комисија на земјите-членки на Европската унија им предложи задржување во сила на ограничувањата за патувања кои не се итно потребни до 15 јуни.
Според предлогот на Комисијата, прво би требало да бидат укинати контролите на внатрешните граници во ЕУ, пред да се пристапи кон олабавување на ограничувањата за патување во ЕУ. Не е исклучено потоа да следи уште едно продолжение.
Ограничувањата за патување во ЕУ беа воведени на средината на март, а потоа следеше нивно пролонгирање до 15 мај. Тие не се однесуваат на граѓани на ЕУ и странци кои постојано живеат во некоја од државите на ЕУ.
Од забраната за влез во ЕУ се исклучени медицинските работници и експертите потребни во сузбивањето на пандемијата на коронавирус, вработените во транспортната бранша и сезонските работници.

