НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ НЕРАБОТЕН ЗА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ЗЕМЈАВА
Национален ден на Власите, 23 мај (сабота), е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Од ресорното Министерство појансуваат дека оваа одлука е во согласност со Законот за празниците на РМ и воедно на граѓаните припадници на влашката заедница им го честитаат Националниот ден на Власите.

