|

РЕЧИСИ 9.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО РУСИЈА

Во изминатите 24 часа во Русија од коронавирус починале 127 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 3.099.

Руските власти изјавија дека во земјата се регистрирани и 8.849 новозаразени, па бројот на инфекции со Ковид-19 сега изнесува 317.554, јави „Ројтерс“.

Со овој број на регистрирани случаи на зараза со коронавирус, Русија се наоѓа на второто место во светот, по САД.

Извор: Макфакс



Слични Објави