|

Џафери: Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Кривичниот суд сведочи за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година, јавува ТВ 24.

Џафери е прв сведок на денешната главна расправа. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го праша Џафери дали го разбира македонскиот јазик, на што тој одговори потврдно и оти не му е потребен преведувач.

Џафери прво одговара на прашања обвинителот од ЈОРМ Дарко Јакимовски, а потоа и на одбаната на обвинетите.

Сведочењето го почна со објаснување на случувањата во собранскиот прес-центар. Рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието,

Слични Објави