К. СИНАДИНОВСКА: ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРЕГОВОРИ СО ГРЦИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД „НАШИТЕ“ СВЕСНО ИЛИ НЕ ОДРАБОТУВАА ЗА „ПРОТИВНИКОТ“

Вести Истакнато Македонија

И во самиот процес на преговори со Грција, кога голем дел од „нашите“ свесно или не, одработуваа за „противникот“, а особено потоа, откако Договорот беше потпишан, исплива на површина целата беда на македонската политика. 
Ситните души сфатија дека „сега е моментот“ или да спасат задници или да се факторизираат на сцената (не само политичка, туку и општествена, како „влијателни“) или пак да „ќарат“ некоја паричка додека се може. Подметнувања, внатрепартиски и меѓупартиски тепачки, афери и тендери – една општа мобилизација како да се уништи моментот и можноста, само за личен или партиски профит. 
Денеска еве не’ – во позиција политички маргиналци и уште пострашно, докажани криминалци, да наметнуваат правила на игра и да диктираат потези преку уцени и безобразни пазари.
Во оваа држава во обид, ако воопшто имаме идеја обидот да успее, мора да биде јасно дека пие тој што плаќа и дека има граници преку кои не смее да помисли да минува никој, ниту свесен, ниту случајно залутан политичар.
Дека отаде тие граници нема приказна, ни за продавање, ни за живот, оти отаде тие граници просто нема да има држава.
И со овие штетници се знае како се постапува.
Нема друг начин, освен со јасно нацртани граници каде почнува, а каде завршува политичката прагма, да се исчисти сцената од разни беси и бесни пци…
Нема од што да се плашиме, ако пропаѓаме заедно со шансата, тоа нека биде на оваа страна на основните вредности и основните обележја и темели на една држава… макар била таа и во обид.

Facebook статус на новинарката Катарина Синадиновска