| |

„Балкански мост“ Битола успешно ја реализираше кампањата „Отворен ден со граѓаните“

Здружението „Балкански мост“ – Битола ја информира јавноста дека во изминатиот период од месец декември, во траење од три недели, успешно ја реализира кампањата „Отворен ден со граѓаните“.

„Во текот на оваа кампања остваривме голем број средби со граѓани, при што имавме можност непосредно да ги сослушаме нивните проблеми, предизвици и потреби.

Посебно внимание беше посветено на прашањата со кои се соочува бугарската заедница во Република Северна Македонија, како и припадниците на други помали заедници и граѓани од различни општествени категории.

Со задоволство констатираме дека почетната кампања помина исклучително успешно, со голем интерес од страна на граѓаните – интерес кој нè охрабри и воедно нè обврза. Поради големиот број остварени средби, наместо секоја среда да имаме средби, ќе имаме секој работен ден , што е уште еден показател за потребата од ваков тип на директна комуникација.

Токму затоа, од 2026 година, со почеток од 22 јануари, продолжуваме со истата динамика, истите принципи на работа и со мали организациски измени, со цел навремено планирање на времето и просторот за поголема достапност.

Од 22 јануари 2026 година, секој работен ден ќе се организираат средби со граѓаните, при што, секој заинтересиран ќе може да закаже термин однапред на следните телефонски броеви:

📞 075-888-833

📞 075-586-423

Контакт лица за закажување се:

Љупчо Јошевски

Георги Црномаров

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да остварат средба, да ги искажaт своите проблеми и предлози. Нашата цел е внимателно да ги сослушаме, да ги анализираме, и да придонесеме кон нивно целосно решавање.

Во рамки на новата кампања „Отворен ден со граѓаните“, од 2026 година, Здружението „Балкански мост“ – Битола, со седиште на ул. Маркс и Енгелс бр. 14, ќе биде отворено секој работен ден од 09:00 до 21:00 часот, исклучиво со претходно закажан термин.

Оваа иницијатива претставува нов чекор, со јасни и конкретни цели, насочена кон поголема отвореност, доверба и активно учество на граѓаните.

Убедени сме дека кампањата ќе продолжи да биде препознатлива, привлечна и од вистински интерес за јавноста“, стои во соопштението на Балкански мост Битола.



Слични Објави