КАФАНА
Во кафана зафатени неколку маси, келнерот не бара лична карта да провери дали сите кои седат на една маса се од иста фамилија. Ама доволно е што знае дека се од иста партија, секако секој во администрацијата му доаѓа нешто рода на овој другиот или третиот.
На една маса седи високото раководство на СДСМ кое постојано се бунтува против музиката и етно амбиентот во кафаната, тие би нешто помодерно, ултра-мега-гига светски чуече.
Масата е тркалезна, ама некако столчето на Заев е највисоко, изгледа е потпрено со некоја даска, а тој седнал „одозгора на тога“. Почнува песна, Заев пее: „Жими најмило, жими најдраго, жими жицата македонскааа“, песната завршува Заев изјавува: „Ех ама е убаво во Северна Македонија уште Бојко и Ципрас ми фалат да ги ставиме на она маса каде што обично седат зетот и невестата и кумот и побратимот, а може и до свадба да дојде јас имам ќерка, Ципрас син хехехехе“.
Масата ја напушта Шекеринска, оди на соседната маса и ги поздравува своите: „Идам на соседната маса, може ќе частат пијачка кога ќе видат како ми стои сакичов“. На масата чаршав со симбол на УЧК, Шекеринска наздравува со присутните на масата. Од нивните раце тече крв, а Шекеринска гази по солзите на семејството кое во истата кафана даваше ручек за душата на покојниот бранител после погреб. Испи Шекеринска неколку на екс па реши да прости: „Тоа време е далеку зад нас“ враќајќи се кон својата маса се сопна од крвта што течеше од рацете на УЧК.
Шилегов пие уиски и забележува дека еден ѕид од кафаната не е убаво бојадисан, вади кондом од џеб, става малку бела прашкаста материја во него и удри на ѕидот „Еее сега е подобро, уште трева да засадам во оној плочникот од 2 на 2 па Павле нека бере, нека ја одржува, сепак тој е повеќе по тие работи“.
На масата последен доаѓа Спасовски, оти тој патува од Банево Трло, па додека да се испоздрави со сите до излез на Куманово (пошто е нели омилен) се задржува човекот. Седнува на маса, порачува пијачка и изјавува „Ми фали тука до мене да седи еден ром, оти ако се напијам уште некоја автоматски менувам говор на ромски“.
Венко Филипче го погодува песна во срце, полупијан пушта солза на раме на Ден Дончев: „Браат никој не ме е*е 2% сите си тераат по свое, многу сум разочарам браат, многу“.
На другиот крај од кафаната исто толку голема маса, ама во правоаголна форма. На чело на неа седи Мицкоски, а на другиот крај голема слика на отсутниот Груевски.
Прв од масата станува Мицкоски ги поздравува уредно своите сопартици обраќајќи им се: „Господо карши мене седи господинот Заев, мене ми е неугодно да бидам на исто место со него, сепак јас сум идниот мандатор, а и треба у теретана да се иде, време е. Пазете се од корона, јас од толку страв морав во теретана да се заглавам во сред полициски час, само да не ме најде проклета корона“.
По Мицкоски глас пушта Наќе Чулев: Можам ама нејќам да ги казнувам овие од СДСМ, во тешка психичка состојба се, иако и мене у последно време почна некој отсјај да ми се гледа, можда е од јакото осветлување за време на снимање на холивудскиот спот за Ден на полицијата- Хехе“
Во меѓувреме пее Мизрахи: „Македонско девојче- китка шарена“ по завршување на песната Мизрахи е револтирана – „Ама зошто во текстот не се споменуваат Евреи? Зошто не биде македонска Еврејка – китка шарена? Па ја сум РАШЕЛА МИЗРАХИ ГОРДА ЕВРЕЈКА ОД МАКЕДОНИЈА!“
Главниот пејач на Дпмне, Дурловски пее цело време. Додека околу него цела кафана се тепа, крвишта врчат, тој качен на маса ја пее гордо химната на Македонија, можда за нијанса послабо од оној настап во Америка.
Немо следи Сафет Бишевац и во брада си коментира: „Арно кажав ја уште додека бев на онаа маса, со нас вмровците може само прости и ненормални да седат“!
Во кафаната има уште неколку масички, ама тие се во помал состав, единствено меѓу нив се истакнува Димче Апасиев кој на скоро секои 10 минути ја нашушта својата маса и оди да се поздрави со овие од ВМРО-ДПМНЕ.
Од други битни појави издвојуваме:
Зекири си ја држи жена му во скут и не се замара со ништо околу.
Теута Арифи го учи министерот за економија Бектеши да пцуе на македонски, во случај да треба да ги пцуе новинарите следен пат.
Али Ахмети со пура посматра состојба од извидница како искусен воен стратег. Во едно време ги спојува палците од двете раце и со другите прсти замавнува симболизирајќи лет на орел.
По знакот на Ахмети, цела кафана се затвора.
На излезот од кафаната стојат куп фрлени маски, како сведоштво дека некогаш во ова кафана престојувале такви бајковити суштества.
Автор: Магдалена Стојмановиќ за МКДПрес

