| |

КОЛЕВ: ЕДНО Е ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД 19, А СОСЕМА ДРУГО Е ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

„Едно е кога зборуваме за мерките против Ковид-19, а сосема друго е кога зборуваме за изборите.
Ако после 14 дена имаме 30,40, или 50 нови случаи секојдневно, повеќе од јасно е сите партии да апелираме до претседателот Пендаровски да даде уште 14 дена вонредна состојба, за да можеме поуспешно да се справиме со кризата, а не да одиме во кампании и избори.Но ако после тие 14 дена имаме 1, 2, 3, или 5 случаи, или ако немаме 3 дена поред ниту еден случај, тогаш повеќе од јасно е дека државата не смее да остане блокирана и треба да одиме на избори“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна тв.



Слични Објави