| |

ГРУЕВСКИ ПРЕД ФАЦ: НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВАМ СО ПОЛИТИКА, ЌЕ ЈА БАРАМ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се надева на правда по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но истата планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови, пренесува ДВ на македонски.

Со политика веќе нема намера да се занимава, вели Груевски во интервјуто за неделното издание на Франкгфуртер алгемајне цајтунг, негово прво за западен медиум по заминувањето од власт. 
На прашањето дали неговиот случај може да се смета и како пресметка меѓу левицата и десницата во Европа, Груевски одбил да одговори. Објаснува дека повеќе не ја следи меѓународната политика толку многу. 

За време на едноипол годишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш. 

Слични Објави