|

ИТАЛИЈАНСКИ ИНФЕКТОЛОГ: ЕПИДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ЗАВРШИ

Експертот за инфективни болести Матео Бастети, кој е директор на Клиниката за инфективни болести во Џенова, вели дека епидемијата на „Ковид-19“ во Италија е завршена. Тој е категоричен дека тоа го докажува бројот на новозаразени пациенти.

Италија долго време беше на врвот на листата на случаи на коронавирус. Ако пред еден месец таа се наоѓаше меѓу првите три земји погодени од Ковид-19, сега се спушти на 13-то место во светот со вкупно 242.827 случаи на коронавирус, од кои скоро 195.000 се оздравени. Повеќе од 35.000 се жртви на инфекција.

“Секој кој ја следи епидемиолошката состојба во Италија може да мисли дека сè уште сме среде епидемија на коронавирус. Сите вести почнуваат со дневни извештаи за бројот на заразени и хоспитализирани. Но, ова е погрешен впечаток. Епидемијата на Ковид-19 заврши и тоа може да се види од броевите “, вели Басети.

Слични Објави