ПЕТРОВА: ЧОВЕК СЕ ЧУВСТВУВА ПОКОРИСЕН ДА ПРЖИ КОМПИРИ ВО ГЕРМАНИЈА ОТКОЛКУ ДА ПРЕДАВА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ
Десетина студенти запишани на катедрата за македонски јазик и пет студенти запишани на катедрата за македонска книжевност. Нема потреба да се борите ниту за идентитет, ниту за јазик оти многу скоро, ниту ќе остане некој што ќе го предава јазикот и книжевноста, ниту ќе остане некој да го зборува. Единствената работа што ја направи државата за тие што завршија на овие катедри е да го забрзаат процесот на заминување од државата, оти покорисен се чувствува човек да пржи компири во Германија, отколку да е предавач на јазикот и книжевноста за кои сите се борите.
Фб статус на писателката Дијана Петрова

