КРИЗА НА ИДЕНТИТЕТОТ (2)
Првиот дел од колумната можете да ја прочитате овде.
Тоа што во случајот со македонскта нацијата ја прави работата уште покомплицирана е вметнатиот и „србомански“ елемент кој што имаше клучна улога во јазичното и културното обликување на македонската нација. Комунистите на поранешните србомани им понудија или преселување во Војводина или да станат дел од новата македонска нација. Стандардниот македонски јазик и југословенскиот училишен систем во Македонија го формираа луѓето што до 44та беа срби како што се Конески, Видоески, Антонијевиќ, Поленаковиќ и др. На тој начин се бришеа сите допирни точки со Бугарија и се што е уникатно за македонците и бугарите беше елиминирано, а нагласено тоа што е слично со Србија. Тие „српски“ елементи во комбинација со стравот на jугословенското раководство дека може да ја загуби Македонија и излезот кон Егејот после политичките тензии помеѓу СФРЈ и СССР (а сходно на тоа и сателитот Бугарија) му додадоа една сериозна антибугарска нота на новиот македонизам. Македонизмот стана како идеологија составен дел од Југославија во склад со социјалистичките убедувања и спротиставен на бугарштината во склад со просрпскиот македонизам. На тој начин македонскиот народ беше двојно осакатен и уште толку потешко му беше да застане на свои нозе.
Кога македонците прогласија независност тоа не беше затоа што тие беа спремни на таков чекор или искрено го посакуваа, туку беше само одење со брановите кога стана јасно дека СФРЈ како што ја замислуваа ја нема повеќе. Македонците во 90тите беа затечени, не знаеа како да се носат со новата независност. Ниту успеаа да расчистат со комунистичките режими и да воведат лустрација, ниту ги рехабилитираа жртвите на режимот, не водеа самостојна политикa, туку беа како продолжена рака на Белград, па дури не се ни ослободија од комунистичките симболи на својот грб. Македонците ја поминаа цела декада во надеж дека можеби Југославија ќе се врати или во ментална состојба како таа уште да е жива. Затоа ситуацијата во 2001-ва и периодот после нејзе дојдоа како ладен туш, кога на целата турлитава се замешаа и Албанците кои се народ со јасни национални цели и стратегии и народ кој што има голема национална самодоверба и знае кој е и што е. Кога македонецот веќе сфати дека ја нема СФРЈ и кога посака да си стави свој историски грб веќе не можеше затоа што во нивниот дом се прашуваше уште некого. Македонците пропуштија златна шанса да се профилираат како народ со силен идентитет кој што знае каде тера во 90тите фантазирајќи дека Југославија и Тито ќе воскреснат.
Покрај тоа сакатење, македонците беа осакатени и на полето на историјата. Македонците и ден денеска немаат консензус кои се и какви се и зошто нивните херои се декларирале како што се декалрирале во одредени периоди. Македонците како дел од својата национална историја си ги присвоија ликовите и организациите што му лежеа на срце на народот. Тие пак несомнено беа декалрирани Бугари и дел од бугарската историја и тука лежи вториот проблем. Антибугаризмот кој што се пропагираше (дури и со закон било забрането да се кажеш за бугарин!) доведе до бизарна ситуација. Македонецот се грози од бугаринот и гледа на него на нешто непријателско и подолно од него, а тие што ги слави и велича биле сите декларирани бугари. Толку длабоко отиде таа пропаганда што денес Македонија и македонците не можат да најдат најдобар пријател и сојузник во Софија затоа што не можат да прифатат и се грозат од помислата дека некогаш биле еден народ со бугарите. Тоа толкаво бегање од „бугарското“ минато ги спречува македонците да изградат еден стабилен национален идентитет на здрави основи и да бидат самоуверени во него.
За разлика од „федералистите“, „автономистите“ никогаш не се впуштаа во градње на нации или етникуми. Тие никогаш не ја негираа реалноста како федералистите, но не го негираа ниту минтото. Бидејќи беа верни на своите стари етнички идентитите, автономистите имаа многу поголема самодоверба и идеја за што сакаат да постигнат, а во сржта на нивната идеологија беше независна држава и целосна политичка еманципација. Нацијата која што тие ја замислуваа нема лутања на идентити, ја признаваа различноста на своето население и никогаш немаа за цел да зависат од некој друг, ниту политички, а богами ниту културно.
Тодор Александров и Ванчо Михајлов се водачите на оваа струја. Се работи за кај нас демонизирани личности на чија идеологија се гледа како скриен план да се протне целосна бугаризација на Македонија, но сепак е идеја која што во својата срж има целосна политичка незавиност. Ултимативно нивната „победа“ иако за многу луѓе незгодна, барем во теорија би довела денес до нација која што ќе беше многу поспремна за независност, со подобри односи со соседите и со национална самодоверба незамислива за денешните Македонци.
Автор: Маузер