| |

ПЕНДАРОВСКИ: РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ ДА НЕ ДОВЕДАТ ДО РЕВИЗИЈА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

„Ќе мора одговорните лидери и на власта и на опозицијата да седнат и да договорат закон за попис кој ќе биде во склад со сите, апсолутно сите највисоки европски стандарди на Еуростат, и второ да договорат, политичка Декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот, се со цел да не се оспоруваат бројките од пописот“, изјави синоќа претседателот Стево Пендаровски во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Пендаровски вели дека посочува дека предлог за политичка декларација може и тој да го поднесе и дека не би била потребна лидерска средба.

„Мораме да сфатиме една работа. Во демократијата правата на луѓето мораат да одат само нагоре и нагоре, никако надолу, никако надолу, тоа е рецепт за катастрофи и тензии. Ние ги имавме тие работи.

Значи, на крајот на краиштата би предложил сосема не е битно кој колку е во оваа земја, не можеме да одиме ти си 19,9 шпекулирам и сега ти ги немаш тие права, а со 20,1 ги имаш. Затоа што, ако одиме со јасна политичка изјава дека тоа не треба да се злоупотребува на таков начин, јас мислам дека за едно попладне ќе го направиме законот за попис и никој нема да го оспорува… Само така се оди напред, затоа што ако вие оставите мал сомнеж дека зошто ги спорите бројките, тоа во една ваква етнички хетерогена држава е катастрофа“, дециден е Пендаровски.

Слични Објави