НА КОЈ НАЧИН, ЦРВЕНОТО МЕСО И НЕГОВИТЕ ПРЕРАБОТКИ ПРЕДИЗВИКУВААТ РАК

Истражувачите се’ уште се обидуваат да откријат како точно црвеното месо и неговите преработки предизвикуваат појава на канцерогени клетки, но дека главните осомничени се поедини хемикалии кои можат да се пронајдат во месото, се вели во материјалот на Мое здравје.

Проблемите со црвеното месо започнуваат кога хемикалијата наречена хем (составен дел од црвениот пигмент во крвта – хемоглобинот) ќе започне да се распаѓа во нашите црева каде создава други хемиски соединенија наречени Н-нитрозо за кои е откриено дека ги оштетуваат клетките кои ги обложуваат цревата и поради кои другите клетки забрзано се размножуваат заради санација на штетата. Таа „екстра“ потреба за репликација доведува до зголемување на шансите од грешки во ДНК, што е прв чекор на патот кон канцерот.​

Исто така, појавувањето на канцерогени клетки може да биде предизвикано и од одреден начин на термичко приготвување. Па така е утврдено дека печењето на црвеното месо на висока температура (на жар, скара) ослободува повеќе штетни материи во споредба со другите видови месо.

BBC наведува дека месото се обработува на посебен начин за да му се продолжи рокот на траење или вкусот, со димење, стврднување, додавање на сол или конзерванс – што исто така го зголемува ризикот.

Преработките од месо се класифицирани како „дефинитивни“ предизвикувачи на рак и припаѓаат во првата група на канцерогени, истата во која се наоѓаат и пушењето и алкохолот. Црвеното месо како „веројатен“ причинител за рак спаѓа во втората група канцерогени.

Според зборовите на еден експерт за причинители за појава на рак, IARC спроведува „идентификација на опасноста“ а не и „проценка на ризикот“, што значи дека организацијата не нуди информации за тоа колку е силен потенцијалот на нештото за да предизвика рак, туку едноставно дека тој постои.

Љубителите на црвеното месо, каде спаѓаат и голем број на Македонци, помеѓу останатото и оние кои сметаат дека сланината е „лек за душата и телото“, во моментов можеби се загрижени и лути на извештаите.

Како што можете и сами да изведете заклучок, не е потребно да станете вегетаријанец (освен ако тоа го посакувате). Но, секако треба месото да го консумирате помалку и поретко, а повеќе да внесувате влакна, бело месо и риба, кои не се поврзуваат со ниеден вид на карцином.

Слични Објави