МИЦКОСКИ: ТОА ШТО ЗАЕВ ГО ВЕТИЛ ВО СОФИЈА ЗАХАРИЕВА ГО ЗБОРУВА
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешната комуникација со граѓаните во живо на Фејсбук, на прашање зошто владата не реагира на провокациите на Бугарија и што ќе правиме ако Бугарија не блокира во ЕУ, Захариева тоа и го потврди кога кажа дека нема Европска Унија без признавање на бугарски корени, одговори дека во моментот најважно е Македонија да ја одржи таа меѓувладина конференција во ЕУ што би значело симболичен почеток на преговорите. Исто така Мицкоски информира дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе свика одржување на седница во рамките на парламентот, на која што ќе може отворено да се разговара за македонските црвени линии.
„И покрај тоа што овој лажлив политичар не убедуваше уште пред две ипол години дека треба да се радуваме и дека сме ги отпочнале преговорите. И порај тоа што овој лажлив политичар заедно со неколкумина негови послушници не убедуваа дека го заштитиле македонскиот јазик и идентитет, сега гледаме дека ниту го заштитиле и тоа сега е и главната пречка да се случи тој почеток на преговорите. И сега ние на крајот треба да видиме каде е почетокот, каде е генезата на сето ова, а почетокот е оној момент кога се случи овој човек да биде избран за премиер. Бидејќи од тука започнуваат сите проблеми во Македонија за секој граѓанин без разлика на неговата етничка припадност. Бидејќи политичкото функционирање се темели на поткуп, притисоци, закани, уцени и лаги. Буквално никаква креативност, никаква стратегија, никаква визија за понатаму. И сега се чудам каде ги снема неговите слуги и во опозицијата сегашна, кои што во тоа време го фалеа неговиот потег кога одлучи да се откаже од уставното име Македонија, велејќи дека тоа биле мудри политики и визионерски потег, а денес ги нема нигде да кажат по некоја реченица“, рече Мицкоски.

