ВО СОФИЈА ОЧЕКУВААТ РАДЕВ ДА ПРЕДАДЕ НОВ МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА, ОД БСП НАЈАВУВААТ ВРАЌАЊЕ НА МАНДАТОТ

//

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе предаде претпладнево трет мандат за формирање влада на парламентарната група на Бугарската социјалистичка партија. Одлуката на Националниот совет на БСП е веднаш да го врати мандатот, со што завршува уставната постапка за влада во рамките на 45-то Национално собрание.

Според бугарските закони, претседателот на државата ќе мора да назначи привремена влада, да го распушти Националното собрание и да распише нови избори.

Претседателот Радев попладнево ќе одржи консултации со парламентарните сили во врска со измените и дополнувањата на Изборниот законик усвоени од 45-то Национално собрание, со цел да се запознае со номинациите предложени од нив за состав на ЦИК.



Со указ, шефот на бугарската држава одобри правила за спроведување јавни консултации и постапка за назначување на составот на ЦИК.

Претходна статија

СЗО: РЕКОРДНА СМРТНОСТ ОД KОВИД-19 ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД

Следна статија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ПОГРЕШНО ИЗБРАНИ ПУНКТОВИ НАПРАВИЛЕ ХАОС ВО РАСПОРЕДОТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

Најново од Вести