|

ПЛУСИНФО: БУГАРИЈА СО ЗАБЕЛЕШКИ ЗА НАЦРТ ЗАКЛУЧОЦИТЕ НА АМБАСАДОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Дипломатски извори од земји членки во Брисел за МИА објаснуваат дека сѐ уште се води битка на амбасадорско ниво од страна на Бугарија во нацрт заклучоците да влезат дополнителни забелешки, но, барем засега, бугарските барања не се прифатени, јави дописничката од Брисел.

Сега останува да се види дали вчерашната средбата во Берлин ќе вроди со конкретен плод на утрешниот амбасадорски состанок во Брисел, кога земјите членки ќе треба да ги усогласат своите позиции во пресрет на министерскиот Совет на кој треба да биде донесена конечната одлука за усвојување на преговарачката рамка со Северна Македонија.

Ако се постигне договор до утре, амбасадорите на земјите членки ќе можат да ја усвојат преговарачката рамка, а во спротивно тие повторно ќе се состанат на оваа тема в петок, со надеж дека до тогаш ќе се надминат разликите и ќе се отвори патот министрите на 10 ноември да дадат зелено светло на документот.

Како што и е веќе познато, Бугарија  негодува за јазикот како и за употребата на кратката форма на името, Северна Македонија, и бара да се користи конзистентно „Република Северна Македонија“, за да се „спречат иредентистички тенденции“. Ова барање, како и другите, не наишле на експлицитна поддршка од земјите членки на ЕУ, дури ни оние со крупни резерви кон проширувањето на Европската Унија.

(Целиот материјал прочитајте го на Плусинфо)



Слични Објави