НЕДЕЛА СТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН, А МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ ПРЕПОРАЧУВА РАБОТНАТА НЕДЕЛА ДА СТАНЕ ЧЕТИРИДНЕВНA
Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев, кој потеницра дека ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе.
Сојузот на синдикатите на Македонија, исто така, преку соопштение информираше дека е прифатена иницијативата и дека по пат на социјален дијалог со Владата е обезбедено ова право на работниците.
-Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, наведуваат во соопштението и додаваат дека во услови на криза предизвикана од коронавирусот се покажува дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.
Пред неколку месеци премиерката на Нов Зелан, Џасинда Ардерн предложи работодавците да размислат за воведување четиридневна работна недела и други флексибилни опции за работно време за да го охрабрат домашниот туризам и да им помогнат на работниците да ги усогласат работните обврски и приватниот живот.
Ардерн се обрати на граѓаните на Нов Зеланд, преку видео на Фејсбук и истакна дека на луѓето им се предлага се, од пократка работна недела до повеќе неработни празници, како средство за стимулирање на економијата и поттикнување на домашниот туризам, додека границите остануваат затворени за странските државјани.
Таа додаде дека голем број граѓани на Нов Зеланд би патувале низ земјата, кога би имале флексибилно работно време.
Меѓународната организација на трудот, препорача работната недела да стане четиридневнa, и на тој начин да се одмора 3, наместо 2 дена.
Во нивниот сајт има статија под наслов „5 добри причини да се работи 4 дена во неделата“. Џон Мисинџер, раководител во групата за услови на трудот кон МОТ, пишува во својот труд:
„Според мене идејата за намалување на работната недела конечно стигна до критичната маса. Но, тоа не е нова идеја. Преминот кон пократката четиридневна работна недела има многу предности. Еве неколку од нив:”
- работењето премногу е лошо за здравјето.
Кардиоваскуларни болести, дигестивни и репродуктивни проблеми, мускулно-скелетни нарушувања, хронични инфекции, психички проблеми, па дури и повисоко ниво на смртност.
- пократката работна недела создава повеќе и подобри работни места.
Додека некои луѓе работат премногу, тогаш други не работат доволно. Наместо да отпуштите 20% од луѓето, едноставно намалете го работното време со 20% – од 5 на 4 работни дена. Кога во Кореја работната недела беше намалена од 44 на 40 часа, се забележа зголемување на вработеноста и на продуктивноста.
3.попродуктивни сме, ако работиме помалку.
Подолгото работно време ги стимулира луѓето да симулираат дека работат повеќе. Пократкото работно време ја покренува мотивацијата на вработените, го намалува ризикот од грешки и несреќи, итн.
- Да работиш помалку е добро за животната средина.
Колку помалку работиме, толку помалку гориво и други видови енергија ќе трошиме, за да дојдеме до работа. Така допридонесуваме за повеќе зелена енергија.
- Ако работиме помалку, ќе бидеме посреќни.
Ова може и да е очигледно за некои луѓе, но вистина е дека повеќето работни часови водат до поголем стрес во домот. Последно истражување покажува директна врска меѓу целокупното задоволство од животот и радоста.
