| |

КОВИД-ПАЦИЕНТИ ПОЧНАА ДА СЕ СМЕСТУВААТ НА КЛИНИКАТА ЗА ОЧНИ БОЛНИЦИ, НАСКОРО И НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО

Од утрово од 8 часот почнало да работи ковид-одделение на Клиниката за очни болести, информираа од Министерството за здравство.

Во оваа клиника има 23 болнички легла за пациенти суспектни или заразени со ковид-19.

„Ковид центарот на Клиниката за очни болести е во склоп на интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терапија“, велат од Министерството.
Наскоро се очекува да се отвори ковид-центар и на Клиниката за уво нос и грло.

На другите клиники каде веќе функционираат ковид-одделенија, пак, се додавале нови кревети.

Ставени се дополнители 43 болнички легла, а проширување на капацитетите е направено и во Градската општа болница „8 Септември“.

Во ковид-центарот „8 Септември“ додадени се 20 нови кревети со што досегашниот капацитет од 80 болнички легла се зголеми на 100.

Слични Објави