(ВИДЕО) КИНЕЗИТЕ ОД ТЕМЕЛ ИЗГРАДИЈА НОВА БОЛНИЦА ЗА САМО 10 ДЕНА

//

Кинезите во градот Вухан, од каде почна да се шири заразата на новиот корона вирус, само десет дена изградија нова болница.

Како што пренесува Би-би-си, болницата чија изградба започна на 24 јануари, утрово ги примила првите пациенти.

Новата болница се протега на околу 25.000 квадратни метри и има 1.000 кревети, пишува кинескиот дневен весник „Пиполс дејли“.

Здравствените власти веќе испратија медицински работници и опрема во новоизградената болница, кој ќе треба да се справат со тешки случаи на ова заболување и да придонесат за негово неутрализирање.

Според најновите податоци, досега починале 362 лица од коронавирус, а заразени се над 17.000.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ДЕМОКРАТИТЕ ВО САД ГО ПОЧНАА ИЗБОРОТ НА НИВЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

Следна статија

ЈАНУШЕВ: ЗАЕВ ЈАВНО ДА КАЖЕ ШТО ДОГОВАРАЛ СО АЛИ ГАФУР И НЕГОВИТЕ ЛУЃЕ?

Најново од Вести