| |

БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР И ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА: ПОЛИТИЧАРИ ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ НАПРАВИЈА ДО СОФИЈА ЗА ДА СЕ КОЛНАТ ВО СВОЈОТ БУГАРСКИ КОРЕН

„Бугарија прва ја призна Македонија на почетокот од 1992 г. Ја призна без историски аргументи, туку емотивно и со вознемиреност. Што можеме да очекуваме од една „елита“, составена од просечни провинцијалци од една страна и довчерашни припадници на номенклатурата од друга? Сетете се на аргументите на тогашниот шеф на државата за брзото признавање: да не си помисли некој дека имаме претензии кон Македонија, да не кажел некој дека сме зависни од мислењето на некој од надвор. Подоцна безусловно ги подаривме и тенковите“, вели во интервју за DW на бугарски јазик историчарот Петар Стојанович, поранешен министер за култура и шеф на кабинетот на поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Надежда Нејнски.

Професор Стојанович во истото интервју тврди дека голем број македонски политичари се колнеле во својот бугарски корен. Според Стојанович Бугарија не добила ништо од својата политика на безусловна и емотивна капитулација во однос на Македонија

„Лидерите на Скопје направија пат до Софија. Се обучуваа овде, колку шампањско се испи, колку народ, подвлекувам доброволно се колнеше во својот бугарски корен и заедничка иднина… Дел од тие луѓе и денес се дел од Владата на РС Македонија, можете ли да го замислите тоа. Видовме што плодови добивме од политиката на безусловна и емотивна капитулација“, вели Стојанович.

Според бугарскиот историчар Бугарија треба аргументирано да се спротивстави на патолошката девијација од вистината во Скопје

„И сега ме прашувате зошто да не го поддржиме Скопје повторно и повторно? Еве вака, заради „најромантичниот дел од бугарската историја“ ли? Затоа што пред се Бугарија има свој национален интерес. Ние сме дел од ЕУ, навистина повеќе формално отколку суштински, но тоа не значи дека не треба да покажеме докаде може да стигне една полна на моменти патолошка девијација од вистината и да не ѝ се спротивставиме со аргументи“, дециден е Стојанович.

Целото интервју на проф. д-р Петар Стојанович можете да го прочитате овде.

Слични Објави