| |

ПО СЕРИЈАТА НА УМЕРЕНИ, СЕГА СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО НА ГРАНИЦА МЕЃУ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА

По серијата на умерени земјотреси утрово на западното турско крајбрежје, на границата меѓу Турција и Грција, во 9:35 часот по македонско време, се случил силен земјотрес кој бил со јачина од 5,1 степен.

Земјотресот се случил на 104 километри северозападно од Измир, и на 17 километри од Пломари во Грција.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Утрово на истото подрачје се случиле и шест помали земјотреси. Првите три со јачина од 4,8 степени, додека потоа следувале антишокови и земјотреси од 3,2 и 3,3 степени, за сега последниот да биде најсилен.



Слични Објави