| |

ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА НАБАВКА НА ВАКЦИНИ ОД КИНА

Во текот на денешниов ден треба да биде потпишан договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина, а потоа се очекува за најкраток временски рок тие да стигнат во земјава, иако засега нема подетални информации кога би пристигнале.

Преку процесот на имунизација ќе бидат опфатени 100 илјади граѓани. Веќе е адаптиран и националниот план за имунизација. Вакцинацијата ќе се врши преку постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови.

На дневно ниво се очекува да се вакцинираат од две илјади до 2 500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден.

Согласно планот први се вакцинираат сите лица од најризичната група, која е поделена на две групи – во првата се здравствените работници кои работат во Ковид центри со ковид пацинети, во втората се сите граѓани над 70 години.

Во втората фаза се вакцинираат лицата постари од 65 години, лица од 18 до 64 со коморбидитети или здравствени состојби со висок ризик, здравствените работници од Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, фармацевтите, стоматолозите и другиот здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки.

Во третата фаза останатите преостанати лица од повеќе групи од други важни дејности како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарски сектор, земјоделие, останати вработени во образование во здравство со низок ризик на зараза, лица кои што не можат да одржуваат физичка дистанца и на крајот сите граѓани кои сакаат да примат вакцина на возраст од 18 до 64 години.



Слични Објави