НА КОНКУРСОТ НА МВР ЗА 600 ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ПРИЈАВЕНИ 2.964 КАНДИДАТИ
Во Центарот за обука во Идризово почна процесот на селекција на пријавените кандидати за полициски службеници. Конкурирале вкупно 2.964 кандидати, меѓу кои 2.365 мажи и 599 жени, а од нив 600 ќе бидат избрани за идни чувари на редот.
Оваа бројка, говори за позитивниот лик на министерството меѓу помладото население, оцени ресорниот министер Оливер Спасовски.
Спасовски дополни и дека продолжува идентификацијата на нови лица од групата „Јавна соба“.
Досега се приведени творецот и администраторот на групата и им е одредена мерка притвор, а кривични пријави уште се поднесени и против четири лица.

