| |

ПЕРУАНСКА МИНИСТЕРКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА БИДЕЈЌИ СЕ ВАКЦИНИРАЛА ПРЕКУ РЕД

Перуанската министерка за надворешни работи, Елизабет Астете, поднесе оставка во неделата откога призна дека е вакцинирана против коронавирусот на 22 јануари, пред да почне националната програма за имунизација.

Претседателот Франциско Сагасти изјавил дека е огорчен и лут поради тој настан, пренесува „Ројтерс“.

Астете е втор член на владата што поднесе оставка по министерката за здравство, Пилар Мацети.

Мацети поднесе оставка кога беше откриено дека поранешниот претседател Мартин Викара, кој беше сменет поради обвиненија за корупција, ја прими вакцината против коронавирусот.

Перу е сериозно погоден од пандемијата на коронавирусот, а здравствениот систем на земјата е преоптоварен.

Извор: Макфакс

Слични Објави