| |

ЗАЕВ: НЕМА НАПАДИ ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПОПИСОТ

Премиерот Заев денеска ги отфрли информациите дека има напад кон македонските Бугари во однос на нивното изјаснување на претстојниот попис.

Како што рече тој иако во Уставот нема етничка припадност Бугари, во пописот правото на определба за етничката припадност е отворено и прашањето ќе гласи „На која етничка заедница ѝ припаѓате?“, па секој ќе може слободно да се изјасни.

Изјавата на Заев доаѓа по вчерашниот состанок на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на бугарските безбедносни служби, каде што се разговарало за притисоците врз македонските Бугари во пресрет на пописот на населението во нашата земја

Слични Објави