| |

АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ИСПРАЌА ЕКСПЕРТИ ВО СУЕЦ, ЗА ДА ГО ИЗВЛЕЧАТ ЗАГЛАВЕНИОТ ТОВАРЕН БРОД

Американската морнарица на Блискиот исток планира утре да испрати група свои експерти на Суецкиот канал за да им пружат советодавна помош на локалните власти во обид да го ослободат џиновскиот брод што таму е заглавен од вторникот.

„Администрацијата на претседателот Бајден внимателно ја следи ситуацијата. Ние им понудивме американска помош на египетските власти за повторно отворање на каналот.

„Се консултираме со нашите египетски партнери за тоа како можеме најдобро да ги поддржиме нивните напори“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пренесува Си-Ен-Ен.



Слични Објави