|

МАКЕДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ АРХИВ ЌЕ ОБЈАВАТ ЗАЕДНИЧКА ЗБИРКА НА ДОКУМЕНТИ МЕЃУ КОИ И 33 ОРИГИНАЛНИ ПИСМА ОД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Државниот архив на Република Македонија и државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија заедно ќе објават збирка документи и писма на некои историски значајни личности од илинденскиот период што ги поседуваат, меѓу кои и од Гоце Делчев од кого нашиот Архив има 33 оригинални писма. Во план е и уште еден заеднички проект – објавување збирка значајни историски фотографии за Балканот од крајот на 19 почетокот на 20 век, јавува MakPress.

Директорот на нашиот Државен архив Емил Крстески во допис до медиумите соопшти дека за двата проекта усно се согласиле со директорот на сродната институција во Бугарија, Михаил Груев, во декември 2019, кога во Софија го обновиле договорот за соработка, но вели дека нивната реализација е одложена поради пандемијата и, најверојатно, ќе почне да се спроведува идната година.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави