Дендиас: Во интерес на Северна Македонија и Грција е да имаат добри односи
Во интерес на Северна Македонија е да има добри односи со Грција, како што секако важи и обратното. Ова го диктираат геополитичките услови во регионот и ова треба да претставува заедничка цел на двете земји, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за весникот „Реалњуз”, пренесува Слободен печат.
Шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја изразува поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, под, како што вели, поставените услови и додава дека се надева на одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ.
Целиот напис прочитајте го овде.
