Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар
Во новата листа со категоризација на земјите за кои е дозволен влез на Кипар, објавена од Министерството за здравство, Северна Македонија и понатаму е во портокаловата зона, односно за патување на островот, задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува ТВ 21.
Државите членки на ЕУ, како и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила, а оние кои не се во некоја од овие зони се во сивата категорија.
Нашата земја, од минатата седмица, од црвената категорија веќе е преместена во втората, портокалова зона.
Во првата (зелена) категорија земји со ниска опасност се 30 држави и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту карантин по пристигнувањето.
За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Северна Македонија, се и Ирска, Холандија, Грција, Луксембург, Белгија, Андора, Азербејџан, САД, Јапонија, Канада, Катар, Кина, Либан, Јужна Кореа, Саудиска Арабија и Србија.
Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ .
Целиот напис прочитајте го овде.

