|

Оставка поднесе заменик министерот за здравство Хасани, Филипче најави прес во 19 часот, дали и тој ќе се повлече?!

Заменик министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка. Одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи.

Во овие моменти, тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за формирање модуларна болница, немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, од почит кон жртвите, повредените , јавноста, напиша Хасани.

Министерот за здравство Венко Филипче за во 19 часот закажа прес конференција, но дали и тој ќе се повлече ќе се дознае за речиси половина час.

Извор: zoom.mk



Слични Објави