(Видео) Пашкулев: Властите во РСМ ја подржуваат антибугарската пропаганда
„Трагедијата со Пендиков ќе биде искористена против нас. Мораме да бидеме свесни дека антибугарската пропаганда во РСМ никогаш не престанала и секогаш кога било можно истата да ескалира, македонските власти го користеле тоа. Постоењето на самата Македонија како држава отсекогаш било изградено на негирањето на сѐ што е бугарско“, рече главниот уредник на БГНЕС Георги Пашкулев во „Бугарија на утро“ на бугарската телевизија Bg On Air.

