КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ БАРААТ ОДГОВОР!!!

Истакнато Колумни Позиција

Еден од промоторите на конзерватизмот и класичниот либерализам јасно рекол дека конзервативно е да се говори вистината, па во истото верува и идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk. Во конзервативните кругови од дамнина се говори за вистината, токму и 26-тиот американски претседател Теодор Рузвелт велел: „За да го налутиш конзервативецот, излажи го. За да го налутиш левичарот, кажи му ја вистината.“

Борбата за човекови права и слободи која е опеана во нашата химна, приврзаноста кон уставот, љубовта кон татковината како и општество на отворена конкуренција каде што се воздигнува квалитетот на индивидуата над колективот не води низ нашиот општествен и политички живот. Конзерватизмот како идеологија се базира на принципи, без разлика дали се работи за традиционалниот конзерватизам или модерниот таканаречен „британски“ односно либерален конзерватизам.

КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ БАРААТ ОДГОВОР!

Декември е пред врата, а една од клучните и историски собраниски седници само што не започнала. ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНАТА! Конзервативците не се луѓе кои седат на два стола, ниту се левичари кои не секогаш ги интересира вистината. Едноставно, сакаме да имаме чиста совест и нема да ја дозволиме манипулацијата со нашите патриотски чувства како во минатото. Лагата нема да ја простиме, ниту да ја заборавиме. Под лага разбираме говорење едно пред јавноста, а сосема друго позади скриени врати. Периодов, слушнавме за многу борци кои сакаат зачувување на нашето државно име, а исто така видовме и многу „бесни“ погледи при отварање на уставот. Замислете историското ВМРО да гледало бесно наместо да се борело под слоганот „слобода или смрт“.

Нема да признаеме ниту ќе проголтаме лага која ќе се базира на удар врз „внатрешните предавници“ додека надворешните гледаат бесно и срамежливо извикувајќи „Ова е пуч, ова е пуч“. Кој разбра, разбра. Можноста е една, сѐ е во рацете на парламентарните партии. Нема повеќе време за седење на два стола, или ќе седнете на еден или легнете си на три и полека но сигурно заспите во вашата политичка смрт.

За крај, среќата ги следи храбрите и тие што ја зборуваат и кажуваат вистината, па макар и да боли. Или, како што вели George Henry Lewes„Неискреноста е секогаш слабост; искреноста дури и кога грешиш е сила.“

Дарко Димитровски, институт „Христо Узунов“
Партнер на идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК [conservative MK].