| |

ХАКИРАНИ Е-MAIL АДРЕСИТЕ НА СЗО И ФОНДАЦИЈАТА НА БИЛ ГЕЈТС

Околу 25 илјади имејл адреси на американскиот Национален институт за здравје, Светската здравствена организација, фондацијата на Бил Гејтс и други организации кои се занимаваат со истражување и борба со коронавирусот се хакирани.

Хакираната база на податоци наводно содржи и податоци од лаборатории во кинескиот град Вухан од каде, како што се сомнева „протекол“ новиот коронавирус.

„Вашингтон пост“ пренесува дека непознати активисти на интернет објавиле околу 25 илјади имејл адреси и лозинки, а сето тоа го открила разузнавачката група “SITE” која се занимава со следење на терористички и екстремистички организации на интернет.

Хакираните податоци се појавиле на сајтот “4Chan”, а потоа се прошириле и на групи на апликацијата “Telegram”. Според извештајот на “SITE”, 9,938 кориснички сметки припаѓаат на американскиот национален Институт за здравје, 5,120 на Светската банка и 2,732 на СЗО.

Слични Објави