„Бугарија ер“ меѓу петте најдобри авиокомпании во Источна Европа
„Бугарија ер“ е рангирана меѓу петте најдобри авиокомпании во Источна Европа во изборот World Airline Awards на меѓународната организација Skytrax за 2026 година. Бугарскиот национален авиопревозник го зазема четвртото место во регионот, со подобрување на позицијата во однос на 2025 година, јавува БТА.
Рангирањето се заснова на оценки од патници од различни земји и пазари и опфаќа повеќе аспекти од патувањето, меѓу кои услугата на аеродромите и во авионите, удобноста во кабината, квалитетот на услугите и односот на екипажите.
На првото место во Источна Европа е латвиската „Ер Балтик“, по која следуваат „Ер Србија“ и „Џорџиан ервејс“, додека „Бугарија ер“ е четврта. Романскиот национален авиопревозник ТАРОМ е меѓу првите пет.
На глобално ниво, за најдобра авиокомпанија во 2026 година е прогласена „Сингапур ерлајнс“, пред „Катар ервејс“ и „Катај Пацифик“.
Во Европа, првото место го зазема „Туркиш ерлајнс“, а меѓу водечките се и „Ер Франс“, „Луфтханза“ и „Иберија“. „Ер Франс“ е прогласена и за најдобра авиокомпанија во Западна Европа.
„Катар ервејс“ е прва на Блискиот Исток, „Ер Канада“ во Северна Америка, „Латам“ во Јужна Америка, а „Копа ерлајнс“ во Централна Америка и Карибите.

