| |

(Видео) Перев: Во РСМ, нападите врз Бугарите не се казнуваат од 1944 година наваму

„За Бугарин не вреди да се јавуваш во полиција“. Вака викал напаѓачот на Христијан Пендиков за време на тепачката, на девојка која била сведок на нападот.

„Оваа работа не беше големо изненадување за мене, за нас таму. Цел живот сме навикнати кон Бугарите да се однесуваат со навредлив тон. Ако кажете нешто такво против Србите, против Грците, против Турците, против Албанците, ќе видите што ќе се случи, но може да се каже против Бугарите. Ова е прашање на историско минато и на настани кои го обликуваа македонското политичко размислување во антибугарски шовинизам и национализам. Неказнувањето е коренот на проблемот“, коментира за „Брисел 1“ новинарот Владимир Перев.

Како главен проблем ја посочи неказнивоста на оние кои посегнуваат по Бугарите во РСМ.

„Ова е историски и политички факт, никој досега не одговарал за тепање на Бугари. За убиствата на Бугарите по 9 септември 1944 година, Крвавиот Божиќ, кој беше чин на две места: Штип и Скопје. Убиствата во Прилеп, Битола, Куманово, Охрид. Луѓе се убивале без судење и пресуда после 9 септември, некаде од октомври, ноември до мај 1945 година.Таму се убиени десетици луѓе.Нивните имиња и нивните убијци се познати. Се е сочувано во историската архива во Институтот за национална историја на Македонија. Досега никој не одговорал за тие дела. Насилство е употребено дури и врз жени по атентатот врз Киро Глигоров. Освен македонски Бугари, ниту еден припадник на друг народ, не беше уапсен“, рече Перев.

Новинарот искажа убедување дека вака или онака Бугарите ќе влезат во Уставот на РСМ.

„Дали ќе биде за 3 месеци или 3 години, воопшто не е важно. Но, кога ќе се случи, ќе се отвори процес на нивното постоење – политички и физички – тие веќе нема да не’ тепаат така. Во овие моменти се будат одредени фактори во Македонија, кои сакаат да формираат партии, нови здруженија, да влезат во политичката игра на македонскиот парламент како претставници на македонските Бугари“, изјави Перев пред Милена Милотинова.

Тој нагласи дека во билатералните односи историската комисија не била најважниот фактор, таа требало да доведе до помирувачки тон, да се решат недоразбирањата и забуните во марксистичката историја на Македонија и пројугословенската историографија, да се укаже на проблемите.

Што треба да направи Бугарија во однос на македонските Бугари, според Владимир Перев, погледнете во видеото со целосниот разговор меѓу него и познатата бугарска новинарка Милена Милотинова.

Слични Објави